Проблемот
Работата со клиентите е расфрлана.
Контактите, задачите, е-поштата, понудите и фактурите често се во различни програми, па никој нема сигурна слика што се случило и што следува.
CRM за секојдневна работа
Клиенти, продажба, фактурирање, поддршка и теренска работа на едно место, со локална поддршка и фактури подготвени за е-фактурата на УЈП.
Вистински производ
Inside Operations CRM е жив систем на македонски и англиски. Секој клиент има своја база на податоци и своја адреса, дневни резервни копии и постојан надзор.
Проблемот
Контактите, задачите, е-поштата, понудите и фактурите често се во различни програми, па никој нема сигурна слика што се случило и што следува.
Решението
Картичката на клиентот ги поврзува продажбата, понудите, фактурите, уплатите, тикетите за поддршка, проектите и работните налози во една историја.
Наменет за
Inside Operations CRM е за фирми што ценат локално воведување, практична секојдневна работа и директна техничка поддршка.
Можности
Секој модул служи на конкретен корисник, дејство или извештај. Системот се поставува според начинот на кој вашата фирма веќе работи.
Фирми, контакти, можности по фази, веб-формулар за барања, историја на активности, спојување дупликати и увоз од Excel.
Понуди со електронско прифаќање, профактури, фактури, одобренија, плаќање со картичка преку cPay со автоматско поврзување, и фактури во евра по вашиот курс.
JSON форматот на УЈП и UBL 2.1 за фактури, одобренија, сторна и корекции, сите 86 даночни индикатори на УЈП, EUID и QR код на фактурата.
Тикети за поддршка по оддели и клиентски портал каде клиентите ги гледаат и плаќаат фактурите, прифаќаат понуди и отвораат тикети.
Проекти со евиденција на време, работни налози со материјал и труд, издавање од магацин при завршување и фактура направена од налогот.
Правила што праќаат е-пошта, отвораат задачи, известуваат вработени или ја менуваат фазата кога ќе се издаде или плати фактура, ќе се прифати понуда, ќе дојде тикет или можноста ќе смени фаза.
Воведување
Системот е веќе изграден. Воведувањето е поставување, податоци, брендирање, интеграции, обука и контролиран почеток.
Како работите денес: клиенти, документи, одобрувања, фактурирање и наплата.
Податоци за фирмата, нумерација, ДДВ стапки, начин на плаќање за е-фактура, улоги, фази на продажба, шаблони и пристап до порталот.
Клиенти, контакти и артикли од Excel или CSV; преносот од друг CRM се проценува откако ќе ги видиме податоците.
Онлајн обука за тимот, па поддршка низ првите недели секојдневна работа.
Пакети
Пакетите се прилагодуваат на бројот на корисници, локации, модулите, интеграциите и потребната поддршка. По кратко демо ќе подготвиме понуда за вашиот начин на работа.
| Пакет | Што содржи |
|---|---|
| Старт | Фактурирање, понуди и профактури, е-фактура за УЈП, cPay плаќање, трошоци и договори. До 2 корисници. |
| Тим | Старт, плус тикети за поддршка, клиентски портал и заедничко сандаче за е-пошта. До 5 корисници и 50 корисници на порталот. |
| Бизнис | Тим, плус проекти со евиденција на време, работни налози и автоматизации. До 15 корисници и 250 корисници на порталот. |
| Про | Сите модули: плус магацин и залиха, човечки ресурси и отсуства, и сопствени називи во интерфејсот. До 35 корисници. |
| Воведување | Поставување на сметката, увоз на податоци, шаблони и обука, според пакетот. |
Inside Operations CRM се продава со воведување. Вредноста не е во бројот на менија, туку во поставениот пат од нов клиент до понуда, фактура, уплата и следен чекор, со локална поддршка.
Сигурност
Пристап според улоги, заштитени сесии, дневник на промени и безбедносна пракса соодветна на пакетот.
Хостинг, SSL, резервни копии, надзор и одржување како една услуга.
Воведувањето, обуката, приоритетите и работното време на поддршката се дефинирани во понудата и договорот за ниво на услуга.
Прашања
Да, за издавање: фактурите, одобренијата, сторната и корекциите се прават во форматот на Управата за јавни приходи (УЈП) и се проверуваат пред да се направат. Електронското потпишување и праќањето до УЈП од CRM-от ќе се додадат без доплата кога УЈП ќе го отвори праќањето во продукција; дотогаш документот се праќа преку апликацијата на УЈП, а неговиот EUID се внесува во CRM-от, кој го печати со QR кодот. Приемот на влезни е-фактури е следниот чекор по тоа.
Да. Изберете евра на фактурата и цените на артиклите се претвораат по курсот што го поставувате, без искажан ДДВ. На фактурата се печатат IBAN и BIC/SWIFT.
Да. Увозот од Excel или CSV е дел од воведувањето; преносот од друг систем се проценува откако ќе ги прегледаме податоците.
Не. Пристапот до порталот и улогите на вработените одредуваат кои записи и дејства ги гледа секој.
Да. Пакетот Старт може да се проба бесплатно 14 дена, без обврска.
Следен чекор